ДОКОЛКУ ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ДОЗВОЛУВААТ викендов ќе се прска против комарци во Скопје
Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов.
-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива денеска и утре, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне утре (19 мај и ќе заврши најдоцна до 23 мај 2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден – соопштуваат од Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.