Докажано е: Кучињата плачат од среќа кога повторно ќе се сретнат со своите сопственици по разделба

Куче со својот сопственик / Фото: Pexels / thevibrantmachine

Мавање со опашката, лижење, игриво скокање и поглед што го топи срцето – ова се знаците по кои знаете дека вашето куче е среќно што ве гледа. Новото истражување сега сугерира дека кучињата можат дури и да се расплачат кога повторно ќе се сретнат со својот сопственик по разделба.

Исто како и луѓето, кучињата имаат солзни канали од кои се исцедуваат солзи и ги одржуваат нивните очи чисти и здрави. Но, солзите кај кучињата претходно не биле поврзани со емоции.

куче
Куче со својот сопственик / Фото: Pexels / Cottonbro

Професорот на Универзитетот Азабу во Јапонија, Такефуми Кикусуи, решил да ги испита солзите кај кучињата откако ја набљудувал неговата пудлица пред шест години, откако таа родила кученца. Тој забележал дека нејзините очи се стеснуваат додека ги дои своите бебиња.

„Откривме дека кучињата понекогаш пуштаат солзи поврзани со позитивни емоции. Откривме и дека можен механизам зад ова е окситоцинот“, изјави Кикусуи за списанието „Current Biology“, мислејќи на хормонот на љубовта или мајчиниот хормон.

За да ја истражат врската, Кикусуи и неговиот тим ја измериле количината на солзи кај 18 кучиња користејќи го „Schirmer“ тестот или тест за производство на солзи. Тие ја ставиле хартиената лента во очните капаци на кучињата една минута пред и откако биле повторно ги виделе нивните сопственици по пет до седум-часовна разделба.

„Волуменот на солзи беше проценет според должината на влажниот дел од лентата. Основната линија беше околу 22 милиметри, а по повторната средба со сопствениците, волуменот се зголеми за 10 проценти“, објасни Кикусуи.

куче
Куче со својата сопственичка / Фото: Pexels / Humphrey Muleba

Со цел да се разбере дали окситоцинот има улога во производството на солзи, раствор кој го содржи овој хормон бил нанесен на површината на очите на 22 кучиња. Количината на солзи значително се зголемила по примањето на окситоцин во споредба со контролниот раствор.

Сè уште има многу што не се знае за солзите на кучињата. Луѓето често плачат како одговор на негативните емоции, но истражувачите не тестирале дали кучињата го прават истото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот