Дојави за бомби во неколку судови во Подгорица

Црногорска полиција/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Вработените во Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица денеска се евакуирани од зградата во која се сместени трите институции поради дојава за поставена бомба.

Од канцеларијата за односи со јавноста на Врховниот суд за подгоричкиот портал „Вијести“ изјавија дека полицијата која ја обезбедува зградата на трите судови добила дојава за наводно поставена експлозивна направа.

-Зградата се евакуира поради дојава за бомба, изјави Марија Раковиќ, независен советник за односи со јавноста на Вишиот суд во Подгорица.

Таа додаде дека рочиштата се одложуваат.

На лице место се испратени антидиверзантски полициски екипи кои во моментов вршат увид во објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот