Дојава за Матеј имало и од македонски хотел: Сѐ е можно, па дури и тоа дека е жив и киднапиран, тврди хрватски криминолог

Не е пронајдено телото на Матеј Периш/Фото: Скриншот

Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека Матеј Периш наводно бил виден во Минхен, што разбуди нови надежи кај неговото семејство.

Сепак, прашање е дали ова е само уште една во низата дојави „со најдобра намера“ или е лажна надеж дека ќе се реши оваа мистерија која трае 43 дена?

– Сѐ е можно, во овој момент навистина се’ е можно. Матеј и да е жив и киднапиран – вели Бранко Лазаревиќ, криминолог од Загреб и пензиониран експерт по потраги, откако во медиумите протекоа нови информации за исчезнувањето на младот човек од Сплит, пренесува 24/7.

И самиот криминолог верува во важноста на дојавите, но за жал вели дека неговото искуство покажало дека ваквите потези најчесто биле повлекувани поради малото медиумско внимание и публицитет.

-На почетокот на јануари ми се јави вработена во македонски хотел, која ме уверуваше дека се видела со Матеј. Но, информацијата се покажа како невистинита. Во 20-те години колку што работам во полиција, секогаш сум реагирал на пријави, дури и на јасновидци. Иако се покажа дека тие се повеќе лажни отколку вистинити, се’ мора да се провери. Секој полицаец мора апсолутно сериозно да ја сфати пријавата и да ја истражи, за да не се утврди денеска или утре дека исчезнатото лице навистина било на таа локација, а службениците не го прочешлале теренот – објаснува пензионираниот криминолог.

Што ќе прави хрватската и српската полиција со оваа информација е големо прашање, додава Лазаревиќ, но не негира дека во вакви случаи моќта на автосугестија е доста голема, со оглед на медиумското покривање на истрагата.

– Мене секоја теорија сега ми звучи возможна, во овој момент треба буквално да се фатиме за секоја сламка. Но, тешко ми е да зборувам за тоа од Загреб. Учествував во илјадници истраги и претреси, каде што десетмина од нас редовно седнувавме на табла и, така да се каже, станувавме паметни. Но, кога случајот ќе се разреши, се знаеше дека никој од нас не предвиде дека одговорот на многу прашања ќе лежи токму на тоа место. Начините на исчезнување се чудни и сите се прашувавме како не се сетивме на тоа порано – се присетува тој.

Сепак, надежта никогаш не треба да се изгуби, додека не се истражи навидум најбезначајниот детаљ.

– Успеав да најдам маж и 64 години по неговото исчезнување. Повторувам, ништо не можете да одбиете, а истрагата треба да трае додека конечно да се дојде до вистината – заклучува искусниот Лазаревиќ.

Наводно виден во центарот на Минхен

Последната информација беше од хрватска манекенка од пред неколку дена, која тврдеше дека во центарот на Минхен видела маж кој бил исти Матеј Периш.

– Со мене беше и мајка ми која исто така го виде и откако ја прочита веста знаеше како изгледа Матеј и ми рече откако по трет пат поминува покрај нас „Те молам јавете се некаде бидејќи и тој човек има некого како што те имам јас тебе“, ми рече таа, мислејќи на неговиот татко Ненад и додаде:

-Жал ми е што не и дозволив на мајка ми да го слика, ми беше многу непријатно…Се надевам дека полицијата ќе си го направи своето и се надевам дека е тој, ако не е, тогаш е близнак, просто е неверојатно колку личат.

Таа утре ќе слета во Белград и ќе замине во полиција. Според неофицијални информации, инспекторите веќе работат на проверка на нејзините наводи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот