Додик: Случајот „икона“ е класичен спин што го креираше Турковиќ

Српскиот член и претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик  денеска беше сослушан во Обвинителството на САД во својство на сведок за предметот „икона”.

– Случајот икона е класичен спин што го креираше министерката за надворешни работи во Советот за министри на БиХ, Бисера Турковиќ, истакна Додик.

Тој додаде дека во случајот нема инкриминирано дело, нема обвиниение. Додик повтори дека иконата не припаѓа на Украина и оти Киев не ја бара.

Додик во декември минатата година при посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Република Српска му подари икона.

На 6 јануари годинава шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го обвини Додик дека се обидел да го прикрие фактот дека иконата што му ја подарил Лавров е украдена.

Додик тврди дека ја добил иконата, но не објасни од кого и кога, како и дека нема докази дека иконата е во сопственост на Украина.

Во меѓувреме Лавров ја врати иконата во Амбасадата на БиХ во Москва, а амбасадорот Жељко Самарџија, назначен од Додик, ја донесе во Сараево. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот