Додик го прекинува бојкотот и доаѓа во Сараево на средба со Ердоган

Членот на српското претседателство Милорад Додик во вторникот најави дека ќе го прекине бојкотот средби со државниот врв и ќе дојде во Сараево на крајот на неделата на средба со турскиот претседател Таип Ердоган.

„Морам да одам како избран претставник на народот. Исто така одам и да присуствувам на редовни седници (на тричленото претседателство), но само за да можам да гласам против сите одлуки “, рече Додик пред новинарите во Бања Лука.

Тој додаде дека не сака да им даде можност на хрватските и бошњачките членови Жељко Комшиќ и Шефик Заферовиќ да ги изнесат само своите ставови пред „големиот водач на голема држава“.

„Очекувам Ердоган да разбере, тој зборуваше за тоа, дека не фаворизира никого во БиХ“, рече Додик.

Тој, исто така, очекува продолжување на турската поддршка за автопатот што треба да го поврзе Сараево со Белград

Од почетокот на август, Додик одбива да присуствува на седниците на претседателството и го блокираше донесувањето одлуки, бидејќи сака да изврши притисок за укинување на измените на кривичниот законик со кои поранешниот висок претставник Валентин Инцко во јули воведе санкции против лицата кои ги негираат воените злосторства.

По потегот на Инцко, парламентот на Република Српска ги задолжи службениците од ентитетот да не учествуваат во работата на претседателството, владата и државниот парламент додека не се укинат измените на законот.

Додик неодамнна го опиша бојкотот како „прва фаза за напуштањето на Република Српска на БиХ“ и рече дека Хрватите се многу блиску до напуштање на феерацијата .

„Кога Србите и Хрватите ќе престанат да учествуваат во работата на властите во БиХ, таа држава повеќе нема да постои“, се закани Додик.

Турскиот претседател пристигнува во официјална посета во четврток и треба да остане до сабота, а медиумите јавуваат дека ќе биде и на венчавката на ќерката на Бакир Изетбеговиќ, водачот на Бошњаците во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот