Додека делта сојот „дивее“, експертите ја следат ламбда варијантата на коронавирусот

Фото: Профимедиа

Делта сојот во изминативе месеци стана доминантен во голем број на земји, но американските експерти претпазливо ја следат ламбда варијантата на вирусот, која минатиот месец се појави во Хјустон, Тексас, пренесува Си-Ен-Ен.

Во САД се регистрирани 1.060 случаи на ламбда сојот, иако тој број е далеку помал од бројките на делта варијантата, кој претставува 83% од новите случаи во земјата. Експертите за заразни болести велат дека тие и покрај „дивеењето“ на делта сојот, тие ја следат состојбата со ламбда варијантата и опасноста која таа може да ја предизвика.

„Мислам дека секој пат кога ќе се идентификува нова варијанта и ќе се покаже нејзиното брзо ширење во популацијата, мора да се биде загрижен. Секој ден се открива нова варијанта, дефинирајќи го како нова мутација на вирусот. Прашање е дали тие мутации му даваат некаква предност на вирусот, што секако е штета за луѓето.“ изјави др. Грегори Поланд за Си-Ен-Ен.

Новиот сој ламбда станува доминантен во Јужна Америка, експертите се загрижени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот