Добри вести за Англија: Стерлинг се враќа во Катар

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Рахим Стерлинг го напушти кампот на репрезентацијата поради грабеж во неговиот дом. По веста за грабежот Стерлинг се врати за да биде заедно со наблиските во тие моменти, но сега се враќа и ќе биде на располагање на Герет Саутгејт.

Неколку дена по инцидентот Стерлинг се враќа во Катар за да и помогне на репрезентацијата до крајот на турнирот од кој Англичаните имаат големи очекувања.

Според информациите од Островот тој ангажирал дополнително обезбедување и не сакал да си замине додека не биде сигурен дека семејството му е во сигурни раце.

Англија ја очекува четвртфинале против Франција во сабота, а Саутгејт дополнително ќе одлучи дали Стерлинг ќе биде спремен да помогне и да истрча на теренот. Претходно кампот на репрезентација го напушти и дефанзивецот Бен Вајт, за него не беа откриени причините за заминувањето, но тој не се врати да го продолжи Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот