Речиси 21 милион заразени од Ковид-19 во светот, починати околу 750 илјади

epa08530620 A medical worker wearing a personal protective equipment (PPE) collects nasopharyngeal swab samples to test for the SARS-CoV-2 coronavirus causing the COVID-19 disease, through the window in the garden of private clinic 'Zan Mitrev' in Skopje, Republic of North Macedonia, 06 July 2020. Despite high numbers of coronavirus infections, the Government stopped safety measures and opened all border crossings without any conditions for passing. North Macedonia will hold elections on July, 15. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кина денеска пријави 19 нови случаи на вирус, шо е помалку од претходниот ден кога имаше 25.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.930,922 лица. Од нив починале 749.596, а оздравеле 13.797,055 луѓе.

– Во Косово вчера се регистрирани осуммина починати, 193 новозаболен и 205 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните случаи, бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 10.988. Од нив починале 373, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 6.616. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.999 лица. Вчера се извршени 491, а од почетокот на пандемијата, вкупно 42.627 тестирања.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и во седумте регионални болници во земјата моментно се третираат 589 пациенти за кои постоело сомневање дека се заразени од Ковид-19, а кај 448 од нив болеста е потврдена. Од хоспитализираните, 41 се во тешка здравствена состојба.

– Во изминатите 24 часа забележани се рекордни 180 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, а бројот на активни случаи во оваа земја е 811. Од нив, 115 пациенти се на болничко лекување, од кои 10 се на респиратот. Во последното деноночие почина едно лице.

– Вкупниот број дијагностицирани случаи во Бугарија достигна 13.893 откако во последните 24 часа потврдени се нови 171 случај на коронавирус. Во моментов активни се 4.932 случаи, од кои хоспитализирани се 834 пациенти, а 63 се на Одделите за интензивна нега.

– Кина денеска пријави 19 нови случаи на вирус, шо е помалку од претходниот ден кога имаше 25. Од новозаразените, 11 се увезени. Од почетокот на пандемијата во Кина се дијагностицирани 84.756 лица, од кои 4.634 починаа.

– Во Словенија се потврдени 29 нови случаи, со што од почетокот на пандемијата се дијагностицирани вкупно 2.332 случаи на инфекција, а во моментов активни се 193.

– Во Иран уште 174 лица починаа од коронавирусот, а потврдени се нови 2.625 случаи. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата надмина 19 илјади, а заразени се 336.324 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 14 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.305 лица.

-Во Грција се регистрирани 204 нови случаи на Ковид-19, а освен зголемениот број новозаболени, зголемен е и бројот на смртни случаи. Во изминатите 24 часа починаа пет лица.
Од почетокот на епидемијата е регистриран вкупно 221 смртен случај и 6.381 заразени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот