Дневен хороскоп за 9 јули: Ќе бидете во искушение да направите драматични промени

дневен хороскоп

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 9 јули, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Ја правите вистинската работа со тоа што се фокусирате на минатото за да научите лекции за иднината. Но, нема потреба да барате проблеми таму каде што не постојат. На ум периодов ќе ви биде само љубовта и ќе бидете полни со очекувања за иднината. Емоционалната удобност со партнерот ве исполнува.

 

Бик

Мошне сте самоуверени и умеете да ги наметнете вашите ставови, но постои деловна измама во бизнисот што не ја забележувате во моментот. Подобро е да се одложат некои официјални ситуации и да се воздржите од финансиски трансакции. Некој би можел да ви помогне на патот по кој сте тргнале.

Близнаци

Домашните изненадете ги со резултатите откако тие ќе станат реалност. Имате отворено поле на емоции – за нешто конкретно. Но, не го потценувајте партнерот. Замислете си каде сакате да се видите себеси во иднина. Мора да си поставите цел. Понекогаш талкате во вашите мисли, и не се задржувате на ниту една идеја.

Рак

Мора да бидете доволно отворени за она што ви се подготвува како поголем предизвик во наредниот период. Ве очекува поголема финансиска добивка. Не се откажувате од личноста на која често мислите. Мора да се опуштите кога станува збор за комуникацијата. Со помош на логика лесно ќе се справувате со
проблемите на работа.

Лав

Ќе имате можност за возбудливи состаноци кои ќе ви дадат крилја. Ќе бидете многу задоволни со своите успеси и секако ќе се фалите пред луѓето, па ќе има многу кои ќе ви бидат љубоморни. Разговарајте со со член на семејството за вашите планови за идните промени – најдобро е да одлучувате заедно како да
постапувате.

Девица

Oтсекогаш сте биле неодлучни! И кога е во прашање работата, но и љубовта. Не двоумете се, соберете храброст и јавете ѝ се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на пијалак и ќе видите што ќе ви каже. Ако оди сѐ според планот, тогаш збогувајте се со осамениот период. Ќе влезете во емотивна врска.

Вага

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат претерано љубезни кон вас, но длабоко во душата ќе почувствувате дека не се искрени. Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата, за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак, нека не претеруваат. Соочете се со реалните проблеми и решете ги.

Скорпија

Ќе мора да покажете посветеност и да се обврзете за нешто ако сакате плановите да одат подмачкано. Мора да размислувате на долгорочен план. Ќе се фокусирате на приоритетните работи кога станува збор за финансиите, не се расфрлајте со пари. На љубовно поле размислувате брзо и ќе избегнете грешки.

Стрелец

Во моментот деловниот успех ви е особено важен и ќе направите сѐ што можете за да дојдете до него. Свесни сте дека љубовта поминува и дека односот со партнерот порано или подоцна мора да се одржува на некој вид компромис. Можни се многу нови пресврти во вашиот однос. Немате многу надеж. Чекате
чудо.

Јарец

Денес ќе биде вистинско задоволство да се разговара со вас. Не само што шармот ќе ви биде на максимум, туку постојано ќе ги имате правилните зборови во секоја ситуација. Ова е одличен ден за Јарците кои имаат работно место поврзано со презентирање, зборување или убедување. Ќе бидете одлични во тоа!

Водолија

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето, па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се оттуѓувате со саканата личност. Ако сакате да ја спасите врската, мора да седнете и да направите здрав муабет. Сѐ уште очекувате да добиете еден одговор, што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Риби

Ќе бидете во искушение да направите драматични промени во начинот на живот, но пред да преземете екстремни чекори, размислете. Нема да можете толку брзо да се адаптирате на нив. Подобра опција е да се движите полека, чекор по чекор. Не им кажувајте веднаш на пријателите за вашите големи планови. Нека бидат изненадени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот