фото: Васка М. Младеновска

Дистрибуиран гласачкиот материјал од Битола

Според првиот човек на ДИК, Александар Даштевски се е подготвено за претстојното гласање на 8 мај, за вториот круг на претседателските и парламентарните избори во државата.

Денеска рано изутрина, во присуство на комплетниот состав на Државната изборна комсија и во придружба на полицијата, од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, тргна доверливиот гласачки изборен материјал до општинските изборни комисии.

„Во оваа прилика сакам да истаканам дека првиот круг на претседателските избори помина во мирна, демократска и фер атмосфера на слободно гласање и за тоа ДИК беше пофалена од страна на ОБСЕ, дека добро ја извршила својата работа и дека е светла точка во државата.

фото: Васка М. Младеновска

„Во моментот сега за вториот круг морам да истакнам дека е многу потешка работата, бидејќи е многу кусо времето, од две недели, а во тие две недели мораше да се одлучи по приговори и тужби до Управниот суд. Ние за да ја забрзаме работата го заклучивме гласањето во првиот круг завчера, бидејќи имаше еден приговор, кој отиде по тужба до Управен суд и ја чекавме пресудата . И самите гледате колку е кусо времето од 3 до 4 дена. Но, нормално со искуството кое го имаме и искуството кое го има Печатницата „Киро Дандаро” се договоривме за изгледот на другите ливчиња и работата да продолжи додека траат нашите други активности, кои се поврзани со изборниот процес. Сметам дека успешно се се заврши. Сега ни останува само да си посакаме среќа за вториот круг на претседателските избори и редовните парламентарни, бидејќи само нкеколку дена не делат од гласањето . Сега многу поефикасно од вообичаено го дистрибуиравме и доверливиот изборен материјал со кој мора да се внимава како се дистрибуира. Имаме ангажирано околу 20 екипи и многу побрзо ќе оди работата и на време ќе биде дистрибуиран изборниот материјал за да на денот на гласањето немаме никакви проблеми, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Според првиот човек на Печатницата „Киро Дандаро”, Петар Милошевски печатењето на доверливиот изборен материјал траело околу 15 дена и се одвивало во присуство на стручни лица од ДИК и ОБСЕ .

Од тие 15 дена, десет дена се печатеа ливчињата за парламентарните избори, а 5 дена за претседателските. Печатењето поминало во најдобар ред, а тоа се должи пред се на долгогодишното искуство и професионалноста на кадарот кој работи во печатницата.

-Испечатени беа 3.600.000 ливчиња, за кои беа потрошени 40 тони на хартија. Самото ливче има 20 заштни знаци и истите се испечатени на високо софисцитирани машини.

Диструбицијата на гласачкиот материјал се одвива според претходна одобрена процедура од страна на ДИК и сите општини во државата навреме ќе го добијат избирачкиот материјал, истакна директорот на Печатницата „Киро Дандаро” Петар Милошевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот