Димитров го освои Бризбејн за прва титула по 2017 година

Фото: EPA-EFE/DARREN ENGLAND

Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја потврди одличната форма со која игра на почетокот на 2024 година, а сега го освои пехарот на АТП250 турнирот во Бризбејн.

Димитров во финалето беше подобар од Холгер Руне со 2:0 во сетови. За Димитров ова е прв трофеј уште од 2017 година кога изненади со освојувањето на АТП завршниот турнир.

Првиот сет донесе изедначена борба во која Димитров се покажа како поуспешен во тајбрејкот кој го доби со 7:5.

Во вториот сет Руне не беше така сигурен, па бугарскиот тенисер направи брејк при резултат 3:3 и ја задржа предноста за со 6:4 да го освои сетот и да слави во мечот. Вкупно за Димитров ова беше деветта титула во 18-тото финале во кариерата и секако добра најава за настапот на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот