Димитријевиќ одличен во новата победа на Уникс

Фото: nenodimitrijevic/instagram

Тимот на Уникс Казан ја оствари шестата победа во низа откако на гости славеше против Нижни Новгород со 70:61,, а одново одличен настап имаше макекдонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ.

Уникс со овој триумф ја продолжи трката со ЦСКА зад која заостанува две победи по 19 одиграни кола. Победникот беше одлучен во последната четвртина во која гостинскиот тим ја зацврсти одбраната и прими само седум поени (14:7).

Димитријевиќ беше на своето ниво и за 24 минути постигна 13 поени и додаде пет асистенции со шут од игра 5/12 и 2/2 од линијата за слободни фрлања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот