Димитриевски: Љубчо Георгиевски итно да го врати македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, реагираше за акцискиот план кој го даде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија.

– Акцискиот план којшто го предложи поранешниот премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест, под итно треба да го врати македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Исто така, Димитриевски го повикува и Јавното обвинителство екс официо да отвори случај, да спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог кој е противуставен, тогаш да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.

– Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови. Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот, напиша Димитриевски.

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: 5 политичко-дипломатски предлози како да се подобрат македонско – бугарските односи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот