Екс премиерот Љубчо Георгиевски: 5 политичко-дипломатски предлози како да се подобрат македонско – бугарските односи

Поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски, на Фејсбук оценува дека македонското-бугарските односи се движат кон нов ќорсокак и кон нова ескалација на сите нивоа. Според него последиците може да бидат долгогодишна омраза помеѓу двата народа и затоа дава предлог-акциски план како да се излезе од оваа ситуација.

Георгиевски вели дека овој предлог има само политчко-дипломатски карактер. Во првата точка тој предлага Северна Македонија да даде гаранција дека нема никаква аспирација за Источна односно Пиринска Македонија и дека во поимот „Северна Македонија“ не влегува „Источна Македонија“.

Понатаму, Северна Македонија треба да даде дополнителна гаранција за која нагласува дека „најверојатно тоа ќе биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија“ дека како држава со ништо нема да ги помага и поддржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.

Во третата точка Георгиевски иако нагласува дека оваа стратегија од Бугарија можеби ќе биде прифатена како политичка игра, се осврнува на примерот од соседна Србија која го има истиот проблем со хрватскиот јазик, со босанската и црногорската нација и јазик па дури и со македонската нација и јазик. Сепак, потенцира дека Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазика дури и на својата територија. „И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеќе српски општини. Ама српската наука историографија, лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи“ напиша тој.

„. Политиката максимално ја дава подршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат книги за Македонија како стара Србија, Како ја ослободиле Македонија во балканските војни. Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието, а изгледа ги има доста. Да не спонувам пак дека за Српската црква ние сме тотално срби а изгледа дека и БПЦ ги поткрепува во таа намера“ нагласи Георгиевски.

Според тоа, предлага бугарскиот парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат и ја поддржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина.

Во четвртата точка, тој, сугерира дека Заедничката историска комисија треба да се фокусира и да ја измени стратегијата и предлага рецепт за конечно решавање на проблемот со јазикот.

.„Да се објават сите пет веќе потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали. И плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.“

„Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи текстови и објаснение и да почнат да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.“

„Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се избришат без да се чека општата дискусија.“

„Да се направи нова специјална комисија која ќе работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугарски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност. Но и 1200 да се, демократија треба да објави на виделина.“

„Македонската страна да се задолжи Во сите историски книги независно од државен или приватен издавач точно да ги дава преводот посебно каде писателите пишувале Македоци или Бугари. Секој фалсификат да биде финансиски санкциониран.“

„Македонската историографија да ги коригира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна Федеративна Партија???“

„Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности. На пример фактот дека Гоце, Даме, Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.“

„И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот. Македонската страна да признае дека целата македонска преродба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти но бугарската интелигенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со што го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. Дека официјално писмо и јазикот на сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо. Што се лесно проверливи факти. А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод да се затвори јазичното прашање“ напиша Георгиевски.

Во последната точка поранешниот премиер на Македонија нуди решение за инфраструктурните прашања.

. Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. Бугарската страна да ги изградат патиштата за граничните премини Клепало кој дваесет години има и пат и гранична зграда. И преминот Црна Скала меѓу Делчево и Кустендил каде патот беше изграден но веќе и руиниран.

Македонската страна како поклон на Бугарија да и изгради втора лента на преминот Делчево – Благоевград каде на секој празник луѓето чекаат со саати“ заклучи Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот