Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За Наше Куманово“ ги обединува сите

Максим Димитриевски
Димитриевски, им се заблагодарил на жителите од овие населени места за поддршката која му ја даваат во целиот овој изминат период / Фото: Фејсбук, Максим Димитриевски

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, вечерва оствари средби со жителите од урбаните заедници „Благој Стефковски Гојчо“ и „Панче Пешев“ и со жителите на село Проевце.

На средбата, се наведува во соопштението на иницијативата било разговарано за реалните приоритети и потреби на граѓаните. Димитриевски, им се заблагодарил на жителите од овие населени места за поддршката која му ја даваат во целиот овој изминат период.

– По победата на 17 октомври, ќе продолжиме да ги решаваме комуналните проблеми на граѓаните во целата општина, зајакнувајќи ги подеднакво урбаните и руралните средини, затоа што нема силен град без силно село. Граѓаните на претстојните локални избори имаат единствен и вистински избор, а тоа е глас за иницијативата „За Наше Куманово“. Средбите и директната комуникација со граѓаните продолжуваат затоа што концептот „За Наше Куманово“ е од граѓаните и за граѓаните-се наведува во соопштението на граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот