ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници

ДИК / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Државната изборна комисија попладнево, во рамки на 96. седница, ги утврди листите за избор на пратеници поднесени од неколку партии за одреден број изборни единици (ИЕ), но исто така и отфрли неколку листи.

Едногласно беа прифатени листите за пратеници на Демократи – Скопје за ИЕ 6, на Единствена Македонија за ИЕ 1, 2, 3, 4 и 5, на Нова алтернатива и Десна за ИЕ 1, 2 3 и 4, на Работничка партија за ИЕ 1 и 5, како и на Родина Македонија за ИЕ 3.

Поради некомплетна документација, пак, согласно член 67 став 6 од Изборниот законик, едногласно беа отфрлени листите на кандидати за пратеници во ИЕ 2, 3, 4 и 6 на Работничка партија, листата на Едниствена Македонија за ИЕ 6 и листите на кандидати на Десна за ИЕ 5 и 6.

Во однос на листата на Работничка партија за ИЕ 6, членот на ДИК, Борис Кондарко, информира дека се воочени специфични неправилности за кои се известени надлежните институции.

„При прегледување на документите на оваа партија за ИЕ 6, имаше специфични неправилности кои треба да ги испитаат други инстиуции кои службено ги известивме согласно Изборниот законик“, рече Кондарко.

По завршувањето на гласањето за листите, тој процедурално се јави за збор и соопшти дека Нова алтернатива за ИЕ 5 и 6 поднела листи на кандидати, но вон рокот, поради што тие листи ДИК нема да ги земе предвид.

„Оваа партија доставила две листи вон рокот и ДИК нема законска основа, ниту обврска да постапува, односно да дава дополнителен рок за исправка“, објасни Кондарко.

ДИК претходно, изврши жрепка за распределба на локациите на рекламните паноа и билборди врз основа на членот 78-а од Изборниот законик за изборите за пратеници во Сообранието на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот