Ди Марија од Јувентус се враќа во Португалија

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Јувентус во следната сезона влегува значително ослабен. Еден од најдобрите фудбалери на „Бјанконерите“, Анхел Ди Марија дефинитивно го напушти Торино и се согласи да се врати во Бенфика.

Ди Марија по 13 години се враќа на „Ла Луж“, односно на местото каде што се афирмираше како играч и го започна своето блескаво патување до највисоките фудбалски височини.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, документите се подготвени пред официјалната презентација, а договорот се очекува да биде на една година до јуни 2024.

Се шпекулира дека и преселба во Интер Мајами кај неговиот репрезентативен колега Лионел Меси, но се одлучи повторно да го облече дресот на Бенфика за која настапуваше од 2007 до 2010 година.

Се враќа на местото каде што започна неговото патување до она за што сонува секој фудбалер, преку Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус и назад во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот