Џорџ и Амал Клуни веќе не живеат заедно: Не можат да се согласат поради една причина!
Либанско-британската адвокатка Амал Клуни и холивудскиот актер Џорџ Клуни спаѓаат во едни од највлијателните славни личности.
Парот долго време важеше за еден од највљубените, но извори блиски на парот веќе некое време зборуваат за тоа како дошол крајот на нивната среќа и се поблизу се до развод.
Пред само три ипол години, во септември 2016 година, тие се венчаа во Италија, а веќе наредната година ги добија близнаците Александар и Ела. Сепак, според магазинот Woman‘s Day Australia, Џорџ и Амал веќе 4 месеци не живеат заедно.
„Тој не разбира зошто Амал не забави со работата и не ужива со него во животот на висока нога, но таа едноставно не е таква. Како што стареат, така разликата помеѓу нив е сè поочигледна и Амал не е сигурна дека ѝ се допаѓа како сето тоа се одвива“, изјавил извор близок за семејството Клуни.
„Тоа не е животот што таа го замислуваше – се надеваше дека ќе се смири и ќе води повлечен семеен живот, можеби и да има повеќе деца. Но, сега смета дека е многу тешко заедно со сопругот да направи било што сериозно. Таа најмногу му замерува на Џорџ што не поминува доволно време со Алекс и Ела“, додал изворот.
Изворот раскажал дека адвокатката се надева дека актерот, откако ќе се раздели од него, ќе сфати дека сопругата и децата му недостасуваат и дека ќе посака да биде со нив, но дека тој едноставно ужива во својата слобода и судејќи според сè, паузата во бракот ќе ги доведе до развод.