Џонсон помина „удобна ноќ“ во болница

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон е со „добар дух” и имаше “удобна ноќ” во болницата „Сент Томас” во Лондон, соопшти Даунинг стрит.

Џонсон „останува во болница на натамошно набљудување” , изјави за Би-Би-Си неговиот портпарол.

„Премиерот зборуваше со докторот и можеше да му потврди дека неговите симптоми остануваат присутни”, додаде тој. Портпаролот за симптомите кажа дека се „температура и кашлање”.

На одредени информации дека премиерот бил третиран со кислород, портпаралот кажа дека не знае од каде стигнале таквите информации и повика на поголема внимателност.

Би-Би-Си наведува дека и од болничката соба Џонсон продолжува да ја води владата , каде утринава се слушнал со државениот секретар  Доминик Раб, а во болницата ја добива и целата своја пошта и документи за потпишување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот