profimedia

ЏЕСИКА АЛБА ги отвори вратите од својот РАСКОШЕН ДОМ: Ѕирнете во ЛУКСУЗНАТА ВИЛА вредна 10 МИЛИОНИ долари! (ФОТО+ВИДЕО)

Актерката Џесика Алба прв пат ги отвори вратите од својот дом во кој живее со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца, десетгодишната Хонор Мари, седумгодишната Хејвен и едногодишниот Хејсон.

Куќата во која живее е купена пред седум месеци, но Џесика вели дека и било потребно многу труд за да ја уреди онака како што сега таа изгледа.

„Сакавме место на кое можеме да гледаме како нашите деца играат и растат“, изјави глумицата, мислејќи притоа на големиот двор кој ја опкружува куќата.

Токму големиот двор бил на нивната листа со приоритети кога тие се „фрлиле“ во потрага по нов дом.

Дури само после 20 минутно разгледување на куќата, Алба знаела дека сака да ја купи, а инспирација за уредувањето барала на Пинтерест.

На Џесика и се омилени дневната соба во која семејството сака да појадува, потоа кујната бидејќи е вљубеник во готвењето и терасата инспирирана од ретро стилот. Во куќата доминираат мрамор и рециклирано дрво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот