Џенифер Лопез на оригинален начин го честиташе Божиќ: Фановите ја коментираа позата (ФОТО)

Џенифер Лопез и оваа година на оригинален начин им го честита Божиќ на фановите, со емотивна фотографија на која пред елката се бакнува со вереникот, безјбол-играчот Алекс Родригез.

Алекс и Џенифер се облечени во исти карирани црвено-црни кошули и позираат под елката која е накитена само со црвена декорација и со црвени лампиони. Џенифер е без шминка, а посебно внимание привлекуваат нејзините зелени обетки.

„Не ни треба имела. Среќен Божиќ на сите! Ве сакам и ви посакувам најсреќен и најубав празник“, напиша Џеј Ло под фотографијата.

Фановите ја коментираа позата во која позираа, особено со колку љубов Алекс ја држи Џенифер за раката.

Instagram

 

 

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот