Џејсон Деруло си ги скрши предните заби додека на бизарен начин јадеше пченка (ВИДЕО)

TicToc

Американскиот пејач Џејсон Деруло објави бизарно видео на социјалната мрежа Тик-Ток, на кое јаде пченка забодена на бормашина која се врти и притоа си ги скрши предните заби, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

30-годишниот музичар во последно време учествува во многу „луди“ видеоснимки што ги поставува на Тик-Ток.

Вчерашната „сплетка“ што ја смислил дека пченка може да се јаде од бормашина што ротира, не му пројде добро.

„Еј, дали сте го виделе ова? Отсекогаш сакав да пробам вака да јадам. Не го пробувајте ова дома“, рече Деруло на почетокот на видеото.

Фановите нагаѓаат дека Деруло носел навлаки на забите за да постигне ваков резултат и да се пошегува.

Други сметаат дека сето ова е дело на добар фотошоп и дека се гледа дека компјутерски ги избришал забите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот