Џафери: Партиите да ги надминат несогласувањата за законот за Јавно обвинителство

фото: МИА

Според него претставниците на политичките партии треба да го почитуваат повикот на преставниците на ЕУ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека Собранието може во секој момент да го донесе Законот за јавно обвинителство, но треба политичките партии да постигнат договор.

Според него претставниците на политичките партии треба да го почитуваат повикот на преставниците на ЕУ.

– Ако пораката на францускиот амбасадор Тимоние е дека Законот за јавно обвинителство е многу важен за добивање на датум за преговори, тогаш политичките партии треба да ги надминат барикадите и да се договорат. Во аспект на процедурите на Собранието, има доволно време и Собранието може да работи во секое време ако има потреба, но треба да има резултат од оваа работа. Оттука, политичките партии треба да седнат и да се договорат – изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот