Џафери: Нема време за измени на изборниот модел

Двата закони, првиот за една изборна единица и вториот за отворни листи доставени од група пратеници до Собрението не треба да се носат во предизборието, вели собранискиот спикер Талат Џафери на денешниот редовен брифинг со новинарите.

За да се спроведе потребно е време за да можат другите институции да ги спроведат одредбите од Изборниот законик. Со модел една изборна единица нема да остане истиот број на избирачки места или пак истиот состав на Општиските изборни комисии.  Според спикерот  двата предлози, веќе се доставени до пратениците и согласно Деловникот ќе биде ставен на првата нова собраниска седница. Но најбитно е партиите да постигнат договор бидејќи е потребен консензус.

-Мислам дека без општ консензус меѓу партиите не би требало да се влезе во таков проект, бидејќи тие не се реализираат во последните месеци на работата на Собрението.  Промената бара соодветни промени на моделот и во сите активности и надлежности во другите инститиуции. И во тој контекст мислам дека не би требало да се влезе во истиот. Доколку се влезе во измени треба да се почека и мандатат  на новиот собранискиот состав за да може, да се остави простор другите институтции  да се спроведат одредбите од новиот предлог изборен закон- рече Џафери.

Засега поддршка за предлгоот на групата пратеници за една изборна единица и отворени изборни листи има од СДСМ.  ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се против промена на моделот за една изборна единица пред избори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот