Девојка настрадала во тепачка во Волково, ја нападнале две жени

фото: илустрација / Pixabay

Млада жена од Волково била пренесена во болница, откако во селото ја нападнале и натепале две жени, соопшти МВР.

„На 27.08.2022 во 22.07 часот во СВР Скопје од Градската општа болница “8 Септември” било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во селото Волково таа била физички нападната од две женски лица“, велат од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот