Детската игра завршила кобно за 14 годишното девојче, кое го загуби животот како последица од струен удар

Местото каде се случи трагедијата во која загина 14 годишното девојче кај железничката станица во скопската населба Илинден е полно со високо напонски жици и таблички, на кои пишува дека е опасно по живот. Трите тинејџерки синоќа околу 21 часот детската игра ја претвориле во трагедија. Едно од девојчињата се качило на цистерна полна со гориво, која стоела на пругата.

-Во еден момент девојчето се качило на кровот на цистерната при што настанал струен удар и на лице место починало девојчето, изјави за Телма Тони Ангеловски, портпарол на Министерство за внатрешни работи.

Како што објави телевизија Телма, девојчето се качило на цистерната за да снима видео за Тик-Ток. Веднаш е интервенирано и за гасење на пожарот била испратена екипа од противпожарна бригада.

Од Министерството за внатрешни работи со апел, родителите повеќе да внимаваат на нивните деца

„Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар, додава Ангеловски.

Едно лице почина во несреќа во Илинден откако е опожарен вагон цистерна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот