Детали од хоророт во Битола: Мажот ја застрелал сопругата, па се самоубил

УБИСТВО ПИШТОЛ
Пиштол / фото: архива

Во трагедијата што вчера се случи во Битола, сопругот ја застрелал сопругата, по што си го одземал животот, по претходна семејна расправија.

Според информации од Обвинителството, дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

– Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител. телата на починатите се предадени за обдукција – соопштија од обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот