Десетмина обвинети за пустошење шуми во гостиварско

Дрва за огрев / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Против вкупно 10 лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог за продолжени кривични дела пустошење шума, кражба и измама.

Во временскиот период од 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, обвинетите како соизвршители, исекле поголемо количество дрва од туѓа шума во атарот на селото Падалиште. На тој начин тие ја опустошиле шумата, бесправно сечејќи вкупно 254 букови стебла. Буковите дрва за огрев ги складирале во своите дворови, од каде ги транспортирале до купувачи на подрачјето на Општина Гостивар и ги продавале. Со ова на оштетеното правно лице ЈП Македонски шуми обвинетите му нанеле проценета материјална штета од 724.500 денари.

Еден од обвинетите сторил и кривично дело – Измама, така што на 21.09.2018 година од претходно противправно исечените огревни дрва му продал на еден гостиварец, доведувајќи го во заблуда дека дрвната маса потекнува од легална сеча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот