ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ПРЕНЕСУВАЛ ЛУЃЕ ВО ЛАДИЛНИК: Возачот на „камионот на смртта“ дел од глобална мрежа за шверц на мигранти

Фото: Скица од појавувањето на Морис Робинсон пред судот Profimedia

Возачот на „камионот на смртта“ кој беше обвиенет за убиство на 39 луѓе кои беа пронајдени во приколка-ладлник, бил дел од „глобален ланец“ за шверц на мигранти, тврдат обивнителите, а пренесуваат британските медиуми.

Морис „Мо“ Робинсон од Крегавон останува во притвор, а денес пред судот се појави со видео-линк, откако беше обвинет за убиство, заговор за шверц на луѓе, заговарање на нелегална миграција и перење на пари.

Според „Дејли меил“, тој на видео-линкот се појавил со сива маица и не покажувал емоции додека му биле читани сите обвиненија против него.

Телата на 39-те загинати лица беа пронајдени во приколка-ладилник на неговиот камион, во близина на една индустриска зона во Есекс, Англија.

Иако првично се веруваше дека луѓето кои загинаа во приколката се од кинеска националност, потврдено е дека неколку од жртвите се од Виетнам, а според пишувањата на Би-Би-Си, во таа земја е испратена и ДНК од жртвите за помош при нивна идентификација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот