Десет лица се повредени вчера во сообраќајки

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Во Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во девет се повредени вкупно 10 лица. Потешко се повредени три лица во три сообраќајки, а полесно седум лица во шест сообраќајки.

Според дневниот извештај на ЗСВР Скопје, со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.

Сообраќајната полиција санкционирала 45 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени девет лица кои возеле пред да добијат возачка дозвола, две лица под дејство на алкохол и еден возач почетник, како и деветте нерегистрирани возила.

Изминатото деноноќие евидентирани се и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и 12 возачи на мотор, мопед или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.

Сообраќајната полиција издала 37 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 39 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот