Денес паѓаат цените на нафтата и житарките на берзите

Пазарот на нафта од утрово паѓа. Цената на барелот на лондонскиот пазар е 108 долари за разлика од вчера кога цената беше 113 долари. И на американскиот пазар паѓа цената на барел нафта и изнесува 103 долари, што е разлика во однос на вчера кога цената беше 108 долари за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 41.429 долари, што е благ пораст од речиси 2% во однос на вчерашниот ден. Другите криптовалути исто така растат.

Цената на пченицата од утринава е намалена и изнесува 1.109 долари за тон, што е пад од речиси 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката паѓа, таа е 804 долари за тон, што е пад од околу 1 процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот