Демонстранти насилно отстранети од Националното собрание во Софија (ВИДЕО)

Пред половина час од зградата излегоа дел од демонсрантите и веднаш се пожалија дека биле клоцани од полицијата.

Демонстрантите од иницијативата „Системот не убива” попладнево насила беа отстранети од зградата на Националното собрание во Софија, јави БГНЕС.

Десетиците полицајци, кои стоеја на влезот во зградата на поранешниот Партиски дом, сега пренаменет во новото бугарско Народно собрание, беа гаѓани со домати, јајца, шишиња со минерална вода…

На пладне во зградата влегоа мајките од движењето „Системот не убива” и потоа одбија да ја напуштат се додека пратениците не ја изгласаат остваката на премиерот Бојко Борисов.

Насобраната топла скандираа „Мафија” и „Оставка”.

Пред половина час од зградата излегоа дел од демонсрантите и веднаш се пожалија дека биле клоцани од полицијата. Дел од нив се пожалија дека од внатрешноста на зградата не можеле да побараат интервенција на итната медицинска помош затоа што биле прекинати врските на нивните мобилни телефони и Интернетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот