ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ИРАК: Блокирани патиштата во Багдад, се бара оставка од владата

Фото: Профимедиа

Ирачките демонстранти денеска ги блокираа патиштата во Багдад за да го зголемат притисокот врз Владата да поднесе оставка.

Тие ги блокираа патиштата со запалени гуми и бодликава жица, а носеа транспарент на кој пишуваше „Патиштата се затворени по наредба на народот”.

Десетици илјади демонстранти последниве денови се собираа на централниот плоштад Тахрир во Багдад и низ јужниот дел на Ирак, барајќи од Владата да си даде оставка.

Тие, исто така, бараат преуредување на политичкиот систем воспоставен по инвазијата предводена од САД во 2003 година.

Илјадници студенти не присуствуваа на часови и предавања за да учествуваат во протестите.

Најмалку 250 луѓе загинаа во судирите со полицијата во протестите што започнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и немање основни услуги.

Со денови, безбедносните сили користеа вистинска муниција за да ги потиснат насилните демонстранти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот