Деми Ловато засрамена од постапките на нејзиниот поранешен свршеник Макс Ерих

Instagram

Пејачката Деми Ловато минатата недела ја прекина свршувачката со Макс Ерих, по само шест месеци заедно. Деми (28) била „целосно засрамена“ од постапките на нејзиниот поранешен свршеник.

Instagram

По разделбата, актерот Макс (29) јавно зборуваше за неговата страна од приказната за разделбата, тврдејќи дека за тоа дознал од медиумите и дека таа им дозволувала на нејзините обожаватели да го „малтретираат“.

Макс минатиот викенд бил снимен на истата плажа во Малибу каде што ја запросил пејачката Деми, бил сам и изгледал многу тажен. Во видеото кое беше објавено на „TMZ“ може да се види како шета по плажата и во еден момент седнува на песокот со главата потрепна на своите дланки, како да плаче.

Instagram

Деми не сака да има контакт со Макс во овој момент“, рекол извор близок до пејачката. „Таа е целосно засрамена од начинот на кој тој се однесува и зборува за нивната врска.

InstagramИзворот тврдел дека актерот постојано се обидувал приватно да контактира со Ловато. А од друга страна пак објавил:

Утрово едно поглавје конечно заврши. Вртам нов лист“, напишал актерот.

Љубовната драма која е под лупа на јавноста никако да заврши. Извор близок до поранешниот пар изјавил дека Макс „лажел“ дека за нивната разделба дознал од медимите, секако дека знаел за тоа пред да се прошири веста во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот