Демант: Леброн нема да биде трејдуван

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Во текот на денешниот ден од американските медиуми и новинари се објавија најави дека Леброн Џејмс може да биде трејдуван до крајот на преодниот рок во НБА лигата.

Ваквите шпекулации сепак ги демантираше агентот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња кој порача дека Леброн нема да ги напушти Лејкерси.

Причина за шпекулациите беше и објавата на Леброн на социјалните мрежи со песочен часовник како порака дека времето истекува. Но, сепак неговиот агент Рич Пол порача дека тој нема намера да замине.

„Леброн нема да биде трејдуван, ниту баравме такво нешто, ниту пак било побарано од нас“, изјави Пол.

Џејмс со Лејкерс има договор вреден 51.4 милиони долари и има опција да се откаже од истиот до крајот на јуни. Ќе потсетиме, рокот за трејдување на екипите во НБА истекува на 8. февруари.

Изненадување од НБА: Леброн може да замине од Лејкерс?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот