Делегација на Стејт департментот наредна недела во Софија

Фото Архива на СП

Американската администрација следната недела ќе испрати делегација во Софија, Букурешт и Брисел на разговори за ситуацијата околу Украина и тензиите на нејзината граница со Русија, соопшти Стејт департментот.

Како што пренесува БГНЕС, делегацијата ќе ја предводи советникот на Стејт департментот Дерек Шолет, чија позиција е еквивалентна на функцијата заменик-шеф на Стејт департментот.

Претставниците на САД ќе престојуваат во Бугарија, Романија и Белгија од 7 до 11 февруари. Според бугарските медиуми, посетата ќе биде „продолжение на големите дипломатски напори” на Вашингтон, заедно со неговите „европски сојузници за поддршка на единствена позиција” кон Русија во актуелната ситуација околу Украина.

Според Стејт департментот, овие заеднички напори имаат за цел да ја поттикнат Русија да „избере дипломатија и деескалација”.

Во Бугарија, Шолет ќе одржи нова рунда билатерален стратешки дијалог. Во Романија, меѓу другото, ќе разговараат и за распоредување на дополнителни американски војници. Во Белгија тие ќе се сретнат со претставници на НАТО и ЕУ за да продолжат дискусиите за ситуацијата околу Украина, да го проучат напредокот на дијалогот со Москва за безбедноста, како и развојот на потенцијални нови остри економски санкции против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот