Делчево ќе ги дислоцира старите и хаварисани возила

Во Делчево започнува акција за дислоцирање на старите и хаварисани возила од јавните површини.

Иницијативата е на Општина Делчево од каде велат дека истата се реализира со цел да се подобри безбедноста на пешаците и почиста животна средина.

Паркирањето вакви возила на јавни површини е строго забрането, бидејќи, освен што ја нагрдува сликата на општината, го попречува и одвивањето на сообраќајот и ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно пешаците, но ја загрозува и негативно влијае врз животната средина, истакнаа од Општината.

Со оваа одлука се опфатени и сопствениците на земјоделска механизација и други приклучни машини кои се поставени на јавни површини.

Тука спаѓаат хаварисани, нерегистрирани возила, приклучни возила и земјоделски машини и механизација кои се поставени на јавни површини кои е потребно да бидат отстранети од јавните површини на територијата на Општина Делчево, додадоа од Општината.

Сопствениците на хаварисани возила, машини и опрема потребно е сами да ги отстранат, во спротивно како што додадоа ќе бидат отстранети од надлежните служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот