Дел од грчките полицајци со камери на униформите, ќе се активираат при инциденти или акции

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

На униформите на полицајци од две единици, распределени во неколку атински населби, од денеска се поставени камери кои ќе се активираат во случај на инциденти или полициски акции, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Камерите ќе ротираат на два дена, согласно одлуките од Координативниот центар за справување со кризи на грчката полиција.

Ова е првпат камери да се постават на униформите на полицајците, нешто што пред десет дена го предложи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на расправата во Парламентот за полициското насилство.

Паралелно, за време на сите протести во Атина, од почетокот на декември минатата година, постои полицаец кој со мини рачна камера е задолжен за снимање на демонстрациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот