Децата во Западна Померанија тргнаа во училиште без маски

Децата во североисточната германска држава Мекленбург-Западна Померанија денеска се вратија во училиште и со тоа беа првите во земјата што ја почнаа новата учебна година.

Федералната министерка за образование Ања Карличек се залагаше за задолжително носење маски во училиштата, но германскиот училишен систем во најголем дел е во надлежност на 16 регионални влади во земјата, па затоа регионалните власти сè уште не примениле такво правило.

Ретко населената држава Мекленбург-Западна Померанија со 1,6 милиони жители е најмалку погодена од епидемијата во земјата, со 877 заразени и 20 смртни случаи од Ковид-19.

Владите во Хамбург, каде учениците се враќаат во нивните клупи во четврток, и во Берлин, каде што ќе се вратат следната недела, наредија носење маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот