Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Де Брујне: Во Скопје одигравме најлошо – мора да бидеме добро организирани на мечот во Гент

Македонската фудбалска А репрезентација е веќе во Гент каде што в петок (10 октомври) со почеток од 20.45 часот ќе се соочиме со Белгија во натпревар од квалификациите за СП 2026.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се свесни дека ова е еден од најважните мечеви во квалификациската група Ј каде сме лидери со 11 бодови, еден повеќе од Белгијците и Велшаните.

Белгиските фудбалери се фаворити на овој меч, како и за освојување на првото место во групата што води директно на Мундијалот.

Првиот меѓусебен меч во Скопје одигран годинава на 6 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ заврши со резултат 1:1.

Своите очекувања за утрешниот дуел ги сподели еден од најдобрите и најискусните во редовите на белгискиот состав и воедно соиграч на Елиф Елмас во Наполи, 34-годишниот Кевин Де Брујне:

– Тој натпревар во Скопје беше нашиот најлош натпревар. Тие мечеви во јуни секогаш се тешки, на крајот од сезоната сите се во променлива форма. Немам објаснување, но тоа беше нашиот најлош настап како тим – вели Де Брујне.

Белгија минатиот месец беше убедлива, и со ист резултат 6:0 ги совлада Лихтенштајн и Казахстан.

– Бевме солидни во септември, сите се снајдовме многу добро заедно и бевме добро организирани. Сакам да го видам тоа повторно утре. Да ги натераме противниците да се под притисок и да се обидеме да ја играме нашата игра – се зборовите на Де Брујне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот