фото: facebook/FK Vardar

Давор Талески е нов голман на ФК Вардар

Како што објавија од фудбалскиот клуб Вардар, нов голман на екипата е 29-годишниот Давор Талески. Доаѓа од екипата на Шкендија, а во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) до сега има забележано 165 настапи во кои на 57 ја има сочувано својата мрежа.

Исто така чуварот на мрежата беше дел и од Победа, Струга, Пелистер, Металург, 11 Октомври, и како интернационалец во екипите на Хонка во Финска и Лариса во Грција.

Ги има поминато сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија, а бил дел и од најсилната А селекција, но засега без официјален настап.

Претходно скопските „црвено-црни“ ангажираа уште неколку засилувања, Едиз Спахиу и Димитар Тодоровски, Мите Цикарски и Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Михал Пинтер, а се разделија со Сеук Гун Ким.

Фудбалерите на Вардар во Анталија, Турција, ќе одигра пет пријателски натпревари во подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот