Данска привремено ја затвора границата со Германија

Фото: EPA-EFE/MARTIN ZIEMER

Данските власти денеска соопштија дека привремено ја затвораат границата со Германија поради ширењето на коронавирусот во градот Фленсбург, во северна Германија.

Британските медиуми пренесуваат дека покрај ваквата одлука, данското Министерство за правда најави и воведување на повисоко ниво на гранични контроли на сите гранични премини.

На официјалната веб-страница на локалните власти во германскиот град Фленсбург денеска беше објавено дека стапката на инфекција е 193 на 100 илјади жители и дека во 50 проценти од случаите е потврдено присуството на мутираните варијанти на вирусот.

Од утре во овој германски град ќе биде воведен полициски час од 21 до 5 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот