Дами, овие прашања никако не му ги поставувајте на партнерот

Многумина се прашуваат што да направат за да ја одржат врската, но мал е бројот на луѓето кои се прашуваат кои постапки можат да внесат немир во односот…

„Да мораш да бираш меѓу пиво со другарите и вечера со мене, што би избрал?“

„Како би реагирал кога би те изневерила?“

„Мислиш ли дека би се сретнале доколку сме родени во две различни земји?“

„Што најмногу сакаш кај мене, и што би направил за мене?“

Ова се само некои од прашањата кои мажите не сакаат да ги слушнат, а жените обожуваат да ги постават.

Припадниците на нежниот пол на овој начин сакаат да се уверат во љубовта на партнерот, но мажите во ситуацијата кога на сцена ќе стапат хипотетички прашања се чувствуваат непријатно. Свесни се дека се на тест, ќе се трудат да го дадат најдобриот можен одговор, што може да потрае.

И додека тој размислува, таа се нервира прашувајќи се дали е толку тешко да се даде одговор.

Ако не сакате да го доведувате партнерот во непријатна ситуација, не поставувајте му ги често овие прашања, советуваат експертите за врска.

Кога, сепак, ќе го направите тоа, немојте да го осудувате поради одговорот, дури и кога тој нема да ви се допаѓа. Така тој ќе стекне сигурност, па следниот пат може да биде поотворен и поподготвен за овој вид на разговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот