Далот го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Диого Далот потпиша нов договор со Манчестер јунајтед кој ќе важи до 30 јуни 2028, со опција соработката да биде продолжена на уште една година.

Овој 24-годишен одбранбен играч запиша 107 настапи за клубот од „Олд Трафорд“ и воедно има 11 настапи за репрезентацијата на Португалија.

– Да се игра за Манчестер јунајтед е една од најголемите почести што може да ги имате во фудбалот. Споделивме неколку фантастични моменти во изминатите пет години, а јас пораснав толку многу и мојата страст за овој неверојатен клуб се зголеми од денот кога дојдов – рече Далот за клупскиот сајт.

Џон Муртоу, фудбалскиот директор на Манчестер јунајтед вели дека Диого е одличен дефанзивец, со одлична комбинација на темпо, сила и разноврсност.

Сезонава со „црвените ѓаволи“ успеа да го освои првиот трофеј освојувајќи го англискиот Лига куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот