Дали знаете што ќе се случи ако ставите малку шеќер во шампонот за коса?

Фото: Профимедиа

Постојат многу природни лекови кои можеме да ги користиме за здравјето и убавината на скалпот и косата, а многумина од вас веројатно веќе ги пробале. На пример – миење на косата со јаболков оцет или маска направена од маслиново или кокосово масло, итн.

Но, што ќе се случи ако во шампонот додадеме една лажица шеќер?

Совет да го испробате овој едноставен трик доаѓа од познатата Франческа Фуско, италијански дерматолог, која уверува дека овој природен лек ефикасно придонесува за поздраво теме, пренесува novilist.hr.

Како? Шеќерот помешан со шампон овозможува нежна ексфолијација (пилинг) на кожата, која од една страна ја елиминира мртвата кожа, а од друга страна им овозможува на производите што се користат подобро да делуваат. Исто така, да не заборавиме дека здравиот скалп поттикнува редовен раст на нова коса.

Сите знаеме дека земањето шеќер не е добро за нашето тело, но ефектот на оваа намирница нанесена на косата може да биде поинаков.

Откако ќе се користи заедно со шампон, всушност, шеќерот кој делува како природен пилинг ќе ви овозможи подобро да ги апсорбирате регенераторите или маските за коса.

Како да го користите шеќерот за коса

Кога ја миете косата, додадете една лажица шеќер во дозата од шампонот (подобро хидратантен). Овој мал трик, според мислењето на експертката, најдобро ќе ја врати кожата, односно темето, во добра состојба и на тој начин ќе помогне во случај на првут, иритација или чешање.

Имено, додавањето на лажица шеќер овозможува нежен пилинг на темето, додека шампонот, елиминирајќи ги сите мртви клетки од кожата и наталожените нечистотии, обезбедува длабинско чистење на темето. На овој начин ја спречува појавата на маснотии во коренот.

Контраиндикации за шеќер во косата

Како и секогаш, не смееме да претеруваме. Овој природен лек не смеете да го користите при секое миење!

Се препорачува да се користи на секои три до пет пати месечно, во спротивно ќе добиете контра-ефект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот