Дали е време да инвестирам во нов дом

Image: 587789696, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Yelena Shander / Alamy / Alamy / Profimedia

Да се има сопствен дом е можеби најголемиот влог на денешното живеење и долгорочна визија  за иднината.

Кога живееме во предизвикувачки времиња, со многу нови состојби и променливо секојдневие, одлуката да се впуштиме во авантурата наречена „сопствен дом“ може да ни делува голема.

Вистината е дека тој чекор означува стабилност и има безброј начини како да почнете да го планирате. Домот е првото место на кое ви текнува кога помислувате на својата емотивна безбедност, хармонија и мир. Кога човекот си доаѓа „дома“, значи дека си доаѓа на себе. Омилените катчиња, испиеното кафе наутро, ритуалите со најблиските – сите овие нешта ја градат нашата лична, интимна приказна, преточена во лицето на домот.

Ќе се запрашате од каде да почнете? Каде да побарате финансиска поддршка, на што најмногу да посветите внимание? Да, треба да направите листа на првите клучни чекори.

Одредете си временска рамка, локација и буџет, тие ви се главните фактори за остварување на целта.

Важно е да бидете емотивно насочени во идејата, а прагматични во остварувањето. Полека и насочено, со секој чекор ќе бидете поблиску до вашиот дом од соништата. За полесно да го почнете ова патување, размислете што би можеле да направите како приоритет.

  1. Размислете за локацијата на која ќе почнете да го создавате вашиот дом. Истражете ги цените на квадратура на различни места, кои ви изгледаат достапно според вашиот стил на живот.
  2. Побарајте стручно мислење од архитект, кој ќе ви помогне да дојдете до соодветна идеја и одлука за вашиот иден дом.
  3. Доколку сте во редовен работен однос, имате опција да си го олесните финансискиот влог – со подигнување станбен кредит. Истражувајќи ја огромната понуда на пазарот за станбени кредити, како најповолна и вредна за разгледување, ви ја издвојуваме понудата на Халкбанк АД Скопје за станбен кредит која би можело да одговори на вашите потреби. Предноста на кредитот на оваа банка е ниската каматна стапка, но и временскиот рок за отплата – до 30 години. Поволноста е и што нема да имате трошоци за проценка, но и олеснувања во обезбедувањето на кредитот.

Ваше е да го почнете ова големо патување и удобно да ги следите сите чекори во создавањето на сопствената оаза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот