Дали е тоа птица, можеби авион? Не, тоа е Кристијано Роналдо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Кристијано Роналдо и денеска се запиша во листата на стрелците во гостинскиот триумф на Јувентус кај Сампдорија со резултат 1:2.

Сите голови беа реализирани во првото полувреме, поведе италијанскиот шампион со прекрасниот погодок, волеј на Дибала во 19. минута од средбата.

На стадионот „Луиџи Ферарис“ домаќините ја казнија невнимателноста во одбраната на Јуве и успеаја да израмнат преку Капрари за радост на трибините.

Непосредно пред паузата конечниот епилог го постави Кристијано Роналдо. Алекс Сандро по вторпат беше асистент, убаво го пронајде Португалецот, а овој високо скокна, превисок за домашните дефанзивци и со глава ја затресе мрежата на Аудеро.

После 17 одиграни натпревари, „Старата дама“ повторно е на врвот во Серија А со 42 бодови, три повеќе од Интер кој својот меч ќе го има за три дена дома против Џенова на нашиот Горан Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот