Дали би појадувале „Хамбурек“?

Unsplash - Twitter
Unsplash - Twitter

Бурек, повод за многу дискусии кога станува збор овој популарен балкански појадок. Сепак, сите дебати престануваат уште на првиот залак, па многу негови обожаватели се согласни во едно, со што и да е полнет, бурекот е незаменлив.

Во последните неколку години сме сведоци на многу варијации на темата, па овој деликатес можете да го пронајдете во бројни солени па дури и слатки варијанти.


Досетливите пекари секогаш успеваат да ја „заскокоткаат“ фантазијата и на менито да понудат бурек со сè и сешто, така што, покрај класичниот бурек со сирење и месо, денес имаме и бурек со компири, бурек со зелка, пица-бурек, но и со разни слатки филови како лешник или ванила крем.

И покрај богатиот избор дали би поверувале дека сега можете да пробате и бурек со плескавица? Жителите на Бор, Србија и самите се увериле во такво нешто, а потоа и многубројните корисници на социјалната мрежа Твитер.

Еден креативен пекар од ова место ги споил двата најомилени балкански деликатеси и создал бурек со плескавица односно „хамбурек„, како што е популарно наречен.

„Хамбурекот“ предизвикал бројни реакции меѓу „гурманите„, па многумина ја поздравиле идејата и посакале што поскоро да го пробаат, додека други сметаат дека е претерано во оваа комбинација на вкусови. Има и такви кои предложиле и нова комбинација, па сметаат дека треба да се направи и бурек со сарма.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот