Дафина Стојаноска: Младите не смеат да заминат, од Македонија треба да замине оваа власт

Младите заминуваат од Македонија, разочарани од ветувањето за живот дома, и тие не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех, порача од Гостивар Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија” во ИЕ 6.

Во обраќањето Стојаноска се осврна на предизвиците кои ги засегаат родителите и пред сé младите кои, како што рече, се исселуваат во голем број.

– За жал, сведоци сме како нашите млади секојдневно си заминуваат далеку од Македонија, барајќи подобар живот. Заминуваат, разочарани од ветувањето за живот дома, ветување кое се претвори во една голема лага. На тој список од млади луѓе кои си одат има секакви имиња: Александар, Аднан, Мухарем, Стефан… Сите овие млади луѓе кои си заминуваат имаат едно заедничко нешто: не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех. Мораме и должни сме, како родители и политичари, ова да го измениме. Младите не смеат да заминат од Македонија. Од Македонија треба да замине оваа власт, рече Стојаноска.

Таа меѓу другото нагласи дека Македонија мора да се обнови, а обновата треба да започне од и со младите. Носителката на листата на коалицијата „Обнова на Македонија” за 6-та ИЕ ги повика младите гостиварци на масовна излезност и да го закоружат бројот 14 од гласачкото ливче. з. г.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот